Алумни

  • ИПС Литванија

    Литванската IPS организација е здружение кое ги обединува поранешните стипендисти на Бундестагот од Литванија. Најважните цели и задачи на здружението се одржување на контактите помеѓу поранешните IPS – стипендисти од Литванија и другите земји. Од 1993 на IPS – програмата учествувале веќе над 50 стипендисти. Литванското IPP – здружение беше оснивано 10 години подоцна – во 2003 година. http://www3.lrs.lt/IPP/index_d.html   

  • ИПС Естонија

    “IPS ESTLAND e.V.” ги обединува поранешните практиканти/ки од Естонија во Германскиот Бундестаг. Од 1992 година 52 Естонци обавувале пракса во Германскиот Бундестаг. Организацијата беше оснивана во декември 2006 година. http://www.ipseesti.blogspot.com/

  • ИПС Унгарија

    “Szövetségi Gyűlés '90 Német-Magyar Közéleti Egyesület”  организацијата е формирана во 2001 година од страна на Германскиот Бундестаг. Како здружение на поранешните стипендисти во Германскиот Бундестаг, организацијата има за цел да воспостави и да одржува контакти помеѓу членовите, да учествува во изборот на следните стипендисти и да им помага во нивната подготовка за престојот во Берлин. http://www.bundestag90.hu/egyesuletunk.htm

  • ИПС Албанија

    “IPS-Albania” е здружение коешто се стреми, во заедничка мрежа да ги обедини поранешните стипендисти од Германскиот Бундестаг од различни генерации. Основната цел на организацијата е да се грижи да се одржуваат контактите помеѓу поранешните учесници на програмата на Германскиот Бундестаг, како и контактите со бројни институции, фондации и други организации од Германија и земјите на ЕУ. Оснивана е во јуни 2006 година. http://www.ips-albania.blogspot.com/

  • ИПС Полска

    Здружението “IPS Alumni Polska” беше оснивано во декември 2009 година во Варшава на иницијатива на поранешните стипендисти. Задачата на здружението е да создаде една контакт – платформа за полски стипендисти од различни години. http://www.ips-alumni.pl/page19.html

  • ИПС Украина

    ИПС-Украина е неформален клуб на поранешни практиканти од Германскиот Бундестаг коишто доаѓаат од Украина. Украина е вклучена во ИПС стипендијата од 2000 година и оттогаш околу 50 млади Украинци зеле учество на таа програма.http://ips-ukraine.org/node/162


  • ИПС Чешка Република

    Од 1991 година е вклучена и Чешката Република во IPS – програмот и оттогаш околу 70 стипендисти ја апсолвирале праксата во Германскиот Бундестаг. Целите на IPS алумни здружението се одржување на контактите помеѓу поранешните стипендисти, промовирање на IPS – програмот во Чешката Република, учество на изборот на следните стипендисти и споделување на искуства со нив. http://www.ips-alumni.cz/

  • ИПС Словачка

    Клубот „Пријатели на Германскиот Бундестаг во Словачка„ е здружение на поранешните практиканти и практикантки од Словачка во Германскиот Бундестаг. Тој е неутрална и независка организација, која нема политички дејности и е партиски независна. http://www.alumnisvk.szm.com/uns/uns.htm