Средба со ФЕС стипендисти
На 19. септември 2012 година, членови на здружението се сретнаа со стипендисти на Фондацијата Фридрих Еберт од Германија. Стипендстите беа во посета на Македонија на студиско патување, со цел да истражуваат за нивните докторски работи. Тие особено беа заинтересирани за темата „Мултиетнички односи“. Ги посетија градовите: Скопје, Тетово, Крушево и Струга.
Со членовите на здружението дискутираа за особеностите на македонското општество и животот на младината во Македонија.