-

Од 10. до 12. мај 2012 год. во Тирана се одржа втората ИПС регионална
конфереција на поранешните ИПС стипендисти на тема „Одлив на мозоци, добивање
мозоци. Проблем во Албанија и во регионот“. На конференцијата зедоа учество 9
ИПС здруженија од регионот. Македонското здружение беше претставено од Нита Старова, Воислав Стојановски и Александар Спасов. Оваа тема беше
избрана бидејки истата е акутен проблем за сите земји од регионот. Целта на
конференцијата беше пред се одржување на конктакти помеѓу алумни здруженијата.