• ИПС Регионална конференција 2011

    Од 22. до 24. септември 2011 во Белград се одржа првата ИПС Регионална конференција. Темата беше перспективите на земјите од Југоисточна Европа и нивниот пат кон ЕУ. На конференцијата зедоа учество ИПС здруженијата од балканските земји, на која беа присутни Петранка Делова Миладинова и Љупка Сиљаноскаод македонското Здружение. Цел на конференцијата беше стапување во контакт со ИПС стипендистите и размена на мислења за актуелните политички настани и демократски развој во земјите од регионот.