• Регионална ИПС конференција 2013 во Скопје

    Наслов: Наследството од ИПС во фокус: Преку активизам на здруженијата на меѓународната парламентарна стипендија до поголемо учество во политичкиот и општествениот живот во татковината

    Идеја за конференцијата: Низа млади интелектуалци со солидни достигнувања и одлични стручни, социјални, јазични и меѓукултурни квалификации од земијите кои учествуваат во ИПС програмата успешно ја завршија ИПС праксата. Овие млади и мотивирани ИПС стипендисти се денес стручни лица во своите професии и амбасадори на германските и европските концепти за соработка, парламентарна демократија и соживот со кои потемелно се запознаа благодарение на ИПС програмата. ИПС стипендистите сепак се уште се борат за подобра позиција во политичкиот и општествениот живот во своите земји. Тие всушност не секогаш се прв избор на релевантите институции за вработување и соработка. Бидејќи една од главните цели на ИПС програмата е ИПС стипендистите да имаат водечка улога во институционален, општествен и политички контекст, особено е важно од една страна да се постигне потесна соработка со релевантите домашни чинители и од друга страна да се поддржи општественото поврзување на ИПС здруженијата како активизам од доле нагоре „Bottom-Up“.


    Цел на конференцијата: Цел на оваа конференција е размена на искуства помеѓу поранешните ИПС стипендисти за можности за општествен активитам преку активно вмрежување на ИПС стипендистите; како и дискусија за потесна соработка помеѓу ИПС стипендисти од различните земји и релевантите германски и регионални чинители.

    Целна група: ИПС здруженија на поранешни стипендисти од балканскиот регион, релевантни чинители од Македонија

    Организатор: Здружението за парламентарна соработка „ИПС Македонија“

    Датум: 11-13 април 2013, тридневна конференција

    Место: Скопје, Р. Македонија

    Број на учесници: околу 40

    Учесници: ИПС здруженија од целиот балкански регион, релевантни чинители од Македонија и Германија

    Jазици на конференцијата: германски, македонски, албански

    Програмата можете да ја преземете на следниов линк