Средба со германски ученици
ИПС здружението подготви еднодневна програма на 14. мај 2012 год. за германските ученици. Германските ученици ги сретнаа своите соученици од германската паралелка од македонската гимназија „Јосип Броз Тито“. Учениците од двете земји дискутираа за своите училишни системи. На крај гостите ја имаа можноста да ги посетат знаменитостите во Скопје.