Здружение

Team

За нас

„Здружението за парламентарна соработка - ИПС Македонија, Скопје го формиравме во 2006 година, како облик на здружување на поранешните стипендисти на Германскиот Бундестаг во Македонија.

Водени од идејата, она што сме го научиле за време на стипендијата, да го пренесеме дома, го формиравме здружението со повеќе цели. Остварената мрежа на контакти може да биде од корист и за целокупниот општествено-политички живот во државата, а во голема мера и за работењето на македонското Собрание.

Сметаме дека би можеле да придонесеме и за развојот на парламентарна соработка меѓу Република Македонија и Сојузна Република Германија, заради развивање нови трендови во нашата демократија, врз основа на германскиот пример. Пренесувањето на искуството, кое го стекнавме во Германскиот Бундестаг, всушност е и основната цел на стипендијата која ја добвиме.

Исто така, нашиот постојан контакт со поединци, но и со институциите на Сојузна Република Германија, ни овозможува да бидеме во тек со сите настани од германската политичка сцена.

Цели и дејности

- Политичко образование на македонските граѓани, во духот на демократските вредности

- Органиација на семинари, подиумски дискусии, политички трибини, конференции со политички, економски и социјални теми

- Активна соработка со Германската амбасада и германските политички фондации во Македонија

- Контакти и соработка со релевантни институции во земјата и со невладиниот сектор

- Промоција на стипендијата на Германскиот Бундестаг кај подмладоците на политичките партии и на универзитетите

- Поврзување, соработка и размена на искуства и информации со другите здруженија на поранешни стипендисти на Германскиот Бундестаг од регионот и пошироко

- Придонес за зајакнување и одржување на економски, политички и културни врски помеѓу Република Македонија и Сојузна Република Германија.“

Членови

  • Тијана Росо

    ИПС Стипендистка 2011 год. Дипл. Преведувач од англиски и германски јазик кон македонски и обратно. Во моментов на Мастер студии на Hochschule für Wirtschaft und Recht Berlin (Институт за менаџмент Берлин - МА Менаџмент на одржливост и квалитет). 

  • Сашо Андреевски

    Роден на 4.2.1987 г. ИПС Стипенидст од 2012 г. Образование: Катедра за германски јазик и книжевност – Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје и Универзитет Касел, Германија. Професија: Редовен професор по германски јазик, преведувач по германски, англиски, грчки и македонски јазик, во моментов соработник и координатор на проект за интеркултурна соработка помеѓу Македонија и Германија.

  • Горан Јорданоски

    Горан Јорданоски, роден на 29.05.1984 во Прилеп, Македонија. Дипломира на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” на катедрата Германски јазик и книжевност. Во 2012 ги завршува последипломските студии по Менаџмент на човечки ресурси  на Институтот за социолошки и политичко правни истражувања во Скопје. Од септември 2012 живее во Берлин, студира на Хумболт универзитетот и е стипендист на Студискиот колеџ – Берлин. ИПС 2011.

  • Симона Сарделиќ

    Rодена 1981 г., студираше Германистика на државниот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 2009 таа ги започна магистерските студии на Првиот приватен универзитет ФОН во областа на Европската и меѓународна политика и дипломатија. По праксата работеше како професор по германски јазик. Од Ноември 2010 беше асистент на пратеничката Лилјана Поповска. Во моментов е советник во Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените во македонскиот парламент. Во рамките на ИПС-Програмата работеше во бирото на пратеникот Хелмут Ламп.

  • Марија Чорбева

    Марија Чорбева е родена на 23.04.1985 година. Дипломирала на Филолошкиот Факултет во Скопје, насока Германски јазик и книжевност со француски јазик. Во 2012 година се стекнува со звање Магистер по економски науки. Работи како професор, лектор и овластен судски преведувач по германски јазик и е лиценциран испитувач за испитите по германски јазик на Гете Институтот- СР Германија. IPS стипендист во 2011 г.  

  • Ана Стојиловска

    Ана Стојиловска ја доби својата мастер диплома во областа на европските студии на Европскиот колеџ Хамбург, Универзитет Хамбург. Работи како истражувач во тинк-тенк организацијата Аналитика во Скопје. Таа ја апсолвира ИПС програмата во 2009 год. во бирото на г-дин Валтер Колбо. 

  • Надица Петрова

    Родена 1984 година во Скопје, Македонија. Дипломира правни науки на Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Скопје во 2006 година. Постдипломец на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ Скопје, насока: конференциско толкување. Вработена како стручен соработник во Врховниот суд на Република Македонија, а хонорарно работи и како овластен судски преведувач од германски на македонски јазик и обратно. 

  • Воислав Стојановски

    Роден во 1980 г. ИПС стипендист од 2008 г. Дипломирал на Правниот факултет при УКИМ, магистрирал на Техничкиот Универзитет во Дрезден, докторирал на правни науки на Масарик Универзитетот во Брно. Во моменотв работи како правен советник во Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија.

  • Стефан Павлески

    Моментно на докторски студии од областа на економијата на тема „Невработеноста во Р. Македонија во контекст на евроинтеграцискиот процес„ на универзитетот во Потсдам, Германија.  

  • Петранка Делова Миладинова

    Петранка Делова Миладинова беше корисник на стипендијата ИПС во 2006 година, во канцеларијата на д-р Мариа Флахсбарт (ЦДУ). Има дипломирано германски јазик и книжевност и магистратура по економија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј„ во Скопје. Повеќе од десет години е активна на полето на меѓународната развојна соработка. Во моментов работи како раководител на подружницата на австрискиот Институт за човекови права „Лудвиг Болцман„ во Македонија. 

  • Нита Старова

    ИПС стипендист од 2007, работела во канцеларијата на Валтер Колбо, СПД. Завршила студии по германски јазик и книжевност. Завршува магистерски стдии по литература. Од 2008 година работи во канцеларијата на Фондацијата Фридрих Еберт во Македонија.