Програма

Bundestag6

Германскиот Бундестаг Ве поканува заедно со: Слободниот универзитет Берлин, Хумболдт универзитетот Берлин, Техничкиот универзитет Берлин на Меѓународна парламентарна стипендија (IPS) на пет месеци во Берлин. Стипендијата IPS е наменета за високо квалификувани и политички заинтересирани млади луѓе, кои имаат желба по завршување на програмата да се вратат во своите татковини и активно и одговорно да учествуваат во формирањето на нивната демократска иднина.

Bundestag2

Германскиот Бундестаг, германскиот парламент, им дава на младите луѓе можност во текот на 15-неделна дејност кај член на Бундестагот да се запознаат со германскиот парламентарен систем и со процесите на донесување на политички одлуки и да стекнат практично искуство во областа на парламентарната работа. Стипендистите ќе бидат избрани од независна изборна комисија на Германскиот Бундестаг.

Bundestag3

Услови: македонско државјанство, завршено високо образование, многу добро познавање на германскиот јазик, познавање на германската политика, општеството и историјата. Помлади од 30 години на почетокот на стипендијата. Стипендија од 450,- Евра месечно, бесплатно сместување, трошоци за осигурување и пат. Последен рок за прием на апликациите: 30 Јуни. Повеќе информации може да добиете во Германската амбасада или на интернет на: http://www.bundestag.de/ips